Многу луѓе во Исланд сѐ уште веруваат во можното постоење на митски џуџиња. Овој мит од фолклорот на земјата опстојал и до ден денес, при што се верува дека тие сѐ уште се кријат некаде, па дури се оди дотаму што и плановите за патишта и градење се менуваат со цел да се избегнат местата поврзани со нив. Сега се појави неверојатно детална мапа со местата кадешто би можеле да се сретнат таканаречените „Скриени луѓе“ (Huldufólk)

el01

Мапата е интерактивна, и е дело на Saga Foundation.  Кога ќе зумирате во било кој дел од мапата ќе можете да прочитате неверојатно многу приказни и легенди за скриените луѓе, распрскани речиси низ целата земја. Но, во приказната со скриените луѓе има дополнителна убавина. Со избегнувањето да се гради на овие места практично се заштитува природата во Исланд Исланд е чудесна земја, и мора да се признае дека овој нивен потег за зачувување на културното наследство е навистина иновативен.

el02 el03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено