Во романскиот град Клуј-Напока се отвори уникатен стимпанк бар на чиј ентериер дизајнерите Золтан Зеленјак и Александар Тохотан работеа цели 2 години. Ентериерот е така дизајниран што посетителот има чувство како да се наоѓа во внатрешноста на гигантски часовник. Погледнете што се има внатре.
Стимпанкот е еден релативно нов тренд кој научната фантастика ја гледа преку механиката и технологијата на парните машини.