Понекогаш уметникот може да ви го покаже тоа што голото око го пропушта. Девид Лејн, фотограф од Канзас поминал четири месеци фотографирајќи го Млечниот Пат над Јелоустоун Парк, и резултатот е неверојатно ноќно виножито.
Ноќната фотографија секогаш изискува малку повеќе технички познавања. Една значајна промена којашто ја направил Лејн е прилагодувањето на сатурацијата. Ноќното небо никогаш не е целосно темно поради бледата светлина во планетарната атмосфера. Лејн ја зголемил сатурацијата за 10 проценти. За некои слики тој искомбинирал до 16 снимки со цел да ја добие посакуваната слика.