Не е лесно да се организира свадба, овој настан знае да предизвика прилично голем стрес (барем така сме слушнале). Особено за невестата. Таа освен што треба да ги подготви сите детали, треба да оди од бутик до бутик додека не ја најде таа „совршена“ венчаница за неа.
Да се избере фустан што ве прави да изгледате беспрекорно не е лесна задача – сите знаат дека сме наши најлоши критичари – па затоа е лесно да се види колку брзо шопингот за венчаници може да се претвори во паника и хаос.
Значи, не е изненадувачки што една невеста одлучи да се откаже од сето тоа на нејзината свадба неодамна. Таа одлучила наместо познатиот бел фустан да облече костим, од диносаурусот Т-рекс. Жената само сакала да прикаже дека кога премногу бираш излегуваш вистинска „Брајдзила“.
На фотографиите можеме да видиме како романтичниот Т-рекс се движи кон нетрпеливиот младоженец со букет цвеќе. Но, ако некој очекуваше тој да се насмее се излажал. Младоженецот очигледно не бил воодушевен од лудата идеја на неговата сакана.
Кои сме ние да го обвинуваме… човекот само што сфатил дека се жени за чудовиште… 🙂