Свадбите се полни со изненадувања и приказната што ќе ја раскажеме покажува дека може дури и неочекувано да станете семејство од 3, не само 2.
И тоа не е ништо драматично како младоженецот што се обидува да скрие дете што веќе го имал, туку поради интересен и романтичен план кој му бил со цел да ја развесели својата сопруга во новиот брачен живот.
Орион и Кејли решија да поканат фотограф на нивната прва фотосесија пред церемонијата. И ова изгледаше како совршен момент за младоженецот да го оствари сонот на Кејли. Тој ја сподели својата идеја со фотографката и таа беше супер возбудена, велејќи: „Бев на работа и цивкав!“ Таа е сигурна дека ова е најтешката тајна што мораше да ја крие од Кејли.
Значи, еве ја – невестата, која чека да дојде нејзиниот иден сопруг. Таа не може да го види ниту подарокот што тој го подготви за неа. Тој го допира по нејзиното рамо, таа се врти и се што можеме да видиме после овој момент е слаткиот шок и насолзените очи на невестата.
Инаку новиот член на семејството се вика Клои. Тој сакал да посвои маче од засолниште, но не му дозволиле затоа што могу луѓе ги напуштаат животните кои им се дадени како подароци. За среќа во близина на неговиот дом 92-годишна баба пронашла две мачиња и едното му го чувала на Орион до свадбата, а и на другото исто така му нашла дом.