Австралискиот скејтбордер Оливер Перкович ја создаде непрофитната организација Скејтистан во 2007 година, проект кој образованието и младоста во Авганистан ги поврзува преку скејтбордингот. Организацијата која полека прерасна во наградувана меѓународна невладина организација го привлече вниманието на фотографот Џесика Фулфорд- Добсон од Лондон и ја инспирира да ја посети програмата во Кабул во 2012 – особено кога дозна дека повеќето од учениците припаѓаат на понежниот пол.

Во Авганистан скејтбордингот се рашири до таа мера што стана спорт број еден за жени, бидејќи на нив им е забрането да возат велосипеди. Набргу откако пристигна таму и влезе во светот на девојчињата, Добсон бргу беше прифатена од младите авганистански скејтбордери. Таа ги фотографира девојчињата во природно светло, истакнувајќи ги нивните личности преку едноставни портрети. На сликите се гледа нивната природна самодоверба, и во сликите направени со позирање, како и во тие додека весело скејтаат низ зградата.

„Во Авганистан се запознав со многу впечатливи жени и девојки: учителка цврста и решителна како маж; млади Авганистанки во нивните рани дваесетти кои волонтираат во сиропиталиште и кои се страсни во тоа да бидат прифатени како силни личности кои сакаат самите да се борат за себеси, а не како жртви на околностите; девојчиња кои се воспитувани да бидат лидери во нивните заедници и кои веќе внимателно размислуваат за сопствената иднина и за иднината на земјата.“ – вели Фулфорд-Добсон.

Фулфорд-Добсон минатата година ја освои втората награда на конкурсот за „Награда Тејлор Весинг за фотографски портрет“ со својата фотографија „Скејтерка, 2014“. Нејзината изложна „Џесика Фулфорд-Добсон: Скејтерките од Кабул“ во Саачи Галеријата во Лондон ќе биде отворена од 15. до 28. април 2015.

Jessica-Fulford-Dobson_03-700 Skateistan_069 Skateistan_083-1 Skateistan_097-700 Skateistan_135-1-700 Skateistan_149-700

Сподели на Facebook
пати видено