Пред една недела млади родители од Пенсилванија, САД, умреле од очигледна предозираност со дрога. Оставена во нејзината колевка, и нивната ќеркичка умрела три или четири дена подоцна. Властите велат дека петмесечната Самер Чемберс умрела од дехидрација и изгладнетост. Таа и нејзините родители, дваесет и седумгодишниот Џејсон Чемберс и деветнаесетгодишната Челзи Кардаро, биле најдени мртви во четврток во куќа во соседството Кернвил во Џонстаун.
Јавната обвинителка Кели Калихан изјавила дека властите нашле дрога во нивниот дом и сметаат дека се предозирале со хероин. Тие двајцата веројатно умреле со временска разлика од неколку минути. Обласниот форензичар Џефри Лес изјавил дека веројатно биле мртви веќе цела недела кога биле најдени во четврток. Чемберс бил најден на првиот кат на куќата, а Кардаро била најдена во бањата на вториот кат. Нивната ќерка се наоѓала во спалната соба на вториот кат.
Властите велат дека ова не било првпат тие да се предозираат во својата куќа.. Минатиот месец биле повикани властите и медицински лица бидејќи Чемберс се предозирал. Социјалните служби ја посетиле куќата, и според некои нивни критериуми, процениле дека тој дом е соодветен за малото дете. Три животи згаснале поради неодговорноста на младите родители, но и поради неодговорноста на локалните власти.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!