Крис Лајтфут и неговата девојка Менди Флак, кои се преселиле од Сиднеј, Австралија, во Торонто, Канада, оваа година купиле друштвена игра наречена „Mind Trap“ во продавница за половни работи. Играта чинела 2 долари и тие ја купиле со намера да ја играат со семејството за време на одмор на островот Принц Едвард.
„Си помислив сега кога моите родители се во градот, сигурно нема да ја поминеме вечерта со алкохол и журка, и си помислив дека би можеле да свратиме до продавницата за половни работи и да купиме некоја игра. Ја земавме со нас дома и почнавме да играме, а мајка ми почна да поставува прашања. Кога сакаше да ја врати картичката назад сфативме дека не се вклопуваат. Таа посегна со прстите и извади дијамантски прстен и уште еден и уште еден…“, вели Крис.
Внатре имало 6 дијамантски прстени кои колективно вредат околу 18.000 долари. Крис вели дека сите останале шокирани од пронајдокот. Бидејќи Крис и Менди не успеале да ги најдат првичните сопственици на прстените, можат да си ги задржат за себе.
Иако Крис првин сакал да ги извади дијамантите и да ги стави на неговите заби, подоцна со Менди се договориле да ги чуваат во случај на финансиска криза.