Жртвата била најдена облиена во крв со 5 убодни рани. Наводно 20-годишното момче било дел од тројка, со 21-годишна девојка и 21-годишен маж. Полицијата вели дека оргијата завршила лошо, затоа што момчето сакало да го сними чинот и девојката се вознемирила. Од камери за видео надзор се гледа како двајца мажи трчаат по жртвата, кој што бил претепан со бејзбол палка и имал неколку убодни рани.
Откако се скарале 21-годишниот маж ја вратил девојката дома, а жртвата останала во станот. Кога мажот се вратил тогаш и починатото момче тргнало да си оди. Во тоа време девојката на жртвата, која не била дел од оргијата добила порака на Инстаграм: „Твоето момче ја за*ба заботата и ние ќе го средиме.“
Сведокот Мајк Ривера кој што живее на првиот кат од зградата каде што било најдено момчето, објаснува дека излетал од станот кога слушнал жена како вреска. Мајк вели дека жртвата мрморела нешто, пред да се онесвести но тој не успеал да го разбере. Претходно убиениот маж тропнал и на вратата на еден од соседите, молел за помош и им се извинувал.
Станарите повикале брза помош, но по 30 минути момчето починало. Полицијата уште нема уапсено некој од луѓето од безбедносната камера, но работат на расчистување на случајот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!