Трупот на мртво морско суштество кое неодамна се појави на плажа во Џорџија, САД, наликува на познатото чудовиште од Лох Нес. Џеф Ворен го фотографирал и го снимил мистериозното морско суштество, додека пловел со неговиот син околу Вулф Островот Национален природен резерват.
Џеф првин помислил дека станува збор за мртва фока, кога забележал како чапја јаде од трупот. Но, кога се доближил сфатил дека суштеството личи на „нешто како чудовиштето од Лох Нес“. Со неговиот долг врат и мала глава суштеството исто така наликува и на Плезиосаурус, изумрен вид на голем морски рептил.
Ден Еш, директор на службите за риби и диви животни на САД, изјавил дека понекогаш труповите на големите ајкули понекогаш можат да наликуваат на Плезиосаурус, кога се распаѓаат.
Кога фотографиите од мистериозното суштество се појавиле на социјалните мрежи голем број од корисниците посочиле дека телото исто така асоцира на митското суштество Алтамаха-ха, речно чудовиште кое живее во реката Алтамаха, западно од островот Волф.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.