Едно стебло во Кратерското Езеро во Орегон, САД, веќе сто години плови исправено – и никој не може да објасни зошто. 9 метри долгото дрво стана препознатлив знак за областа и е познато под називот „Старецот од езерото“. За него прв пат било известено во 1902 година, кога областа била означена како национален парк. Геологот Џозеф С. Дилер го забележал дрвото шест години претходно. „Старецот од езерото“ е со обем од 60 сантиметри, а 1,2 метри од него е над водата.
Дрвото изгледа како да има корен, па затоа е исправено, но сепак тоа постојано се движи. Локалните жители биле толку впечатлени од него што почнале да се шират легенди дека го контролира и времето. Во 1988 година научници кои пуштиле мала подморница во езерото за да ја проучуваат неговата геотермална активност сметале дека Старецот ќе претставува ризик за нивната мисија па затоа го врзале во близина на ненаселениот „Остров на маѓосниците“. Но, небото веднаш поцрнело и се истурила бура, што ги преплашило научниците и тие веднаш го одврзале дрвото. И, како некаква магија, облаците се расчистиле.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.