Ако сте разгледувале новинарски статии за жртвите од терористички напади во последно време, можеби сте ја виделе сликата на овој човек. По терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул, корисниците на социјалните медиуми ја споделија оваа снимка, тврдејќи дека овој човек е меѓу 42-те жртви. Неговата слика беше споделена и по катастрофата на авионот на Иџипт Ер во мај, кога повторно се тврдеше дека е меѓу загинатите.

photo_mexicain

Истиот мистериозен човек е и во списокот на жртвите при нападот во геј клубот во Орландо на 12 јуни, а неговата слика е објавена дури и во Њујорк Тајмс.

По спроведената истрага се открила мистеријата, и вистината е всушност многу едноставна. Се работи за одмазда на група луѓе кои биле измамени од овој човек, при што тој на секој од нив им должи над 1000 долари.

„Сакаме целиот свет да го види ова лице“, велат тие. „Тој човек ми беше пријател, но ме измами за пари, а исто така и барем уште четири луѓе кои познавам. Потегнавме судски постапки против него, но со оглед на тоа што тие одат бавно, а тој се уште не ни ги вратил парите, решивме да го казниме така што ќе му ја објавиме сликата на интернет. Целта ни е да му ја уништиме репутацијата. Сакаме целиот свет да го види ова лице.“

Сподели на Facebook
пати видено