Ридот на крстовите е точно тоа што го сугерира и неговото име, но треба да видите за да поверувате. На литвански се нарекува Крижија Калнас и е место за поклонение на сите Литванци. Се наоѓа северно од градот Шјауљај и на него се наоѓаат мноштво крстови од разни времиња, при што не е сигурно кога се почнало, но се претпоставува дека првите крстови биле поставени после востанието во 1831, за време на Полско-руската војна, а подоцна со текот на времето биле поставени нови и нови распетија. Во 2006 нивниот број изнесувал околу 100.000 крстови.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.