Градот Тиванаку или, поточно, она што останало од него, се наоѓа на 4000 метри надморска височина, на 15 километри јужно од езерото Титикака на Андите. Неговата историја сè уште е полна со нејасни информации и загатки. Ова се должи на фактот што од градот останале само урнатини.
Најпозната е „Порта на Сонцето“, а биле пронајдени статуи и примитивни живеалишта. Но, првите европејци го виделе во 16-тиот век со неговите огромни камени блокови, извонредни статуи, со порти на Сонцето и Месечината пирамиди и палати кои денес не постојат.
Истражувачите сè уште не можат да постигнат цврсто мислење за тоа кога настанал градот. Најскромните пресметки ги прават боливиските археолози кои се потпираат на методот со радиоактивен јаглерод и тврдат дека раѓањето на легендарниот град се случило околу 300 години п.н.е.
Тиванаку брзо се развил во урбан центар во периодот од 600 до 800 година и станал важна регионална сила во јужните Анди. Според раните проценки, во својот најголем подем, градот зафаќал околу 6.5 километри квадратни и имал од 15.000 до 30.000 жители. Тој станал престолнина на државата Пукина.
Легендата за сегашното име на градот вели дека кога владетелот Инка Капак си одмарал меѓу урнатините на напуштен град, гласник со важни вести. Инка ја ценел брзината и трудољубивоста на курирот и му заблагодарил со честа да седи покрај него, велејќи свечено: „Тиа, уанако!“. Што на јазикот кечуа значи: „Седни ти кој си брз како гуанако!“ – мислејќи на брзоногата лама гуанако.
Ова го родило денешното име на напуштениот град. Сепак, според други толкувања, неговото име значи „мртов град“ или „камен во центарот“ на јазикот на Ајмари, кои сметале дека градот бил во центарот на светот.
Од непознати причини, Тиванаку бил напуштен од жителите во околу 1150 година. Но, неговото вистинско уривање започнало во 16-от век, кога Индијанците од племето Ајмара се населиле во близина.
Во продолжение на 400 години древниот град бил најголемиот каменолом во Боливија. Уништувањето било целосно. Во дваесеттиот век, главниот водовод во градот исчезнал. Монолитната статуа на богот на громот и бурите била поделена на четири дела.
Најпознатата знаменитост на Тиванаку е „Порта на Сонцето“ изработена од 10-тонска вулканска карпа со димензии 3 на 4 метри. Нејзината монументалноста покренува прашање, кое засега е без одговор, како древните Индијанци ја обработиле оваа цврста карпа, штом, според археолозите, немале метални алатки?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.