Телата на две бебиња пронајдени на античките гробишта во Еквадор носеле черепи на постари деца за време на нивното погребување. Ова го означува првото парче од археолошките докази што укажува на тоа дека детските черепи биле користени како украси за погребување во античкиот свет.
Скелетни остатоци од 11 лица биле пронајдени на гробиштара, кои датираат од пред околу 100 година п.н.е. Ова вклучува и четири новороденчиња, од кои две носеле морничави шлемови од череп.
Едно од овие новороденчиња имало само 18 месеци кога починало и било погребано со делови од черепот кои му припаѓале на дете на возраст меѓу четири и 12 години. Черепот бил ставен на главата во форма на шлем, односно како детет да требало да гледа низ него. Тимот истражувачи, предводен од Универзитетот во Северна Каролина, исто така пронашол школка и коска од прстите на детето меѓу „шлемот“ и главата на бебето, што очигледно била сместена таму намерно.
Другото бебе имало околу шест до девет месеци кога починало и е откриено дека носело череп на дете на возраст помеѓу 2 и 12 години. Се верува дека „шлемовите“ веројатно се уште биле покриени со месо кога им биле прилагодени на бебињата, бидејќи цврсто се вклопиле и останале на тој начин илјадници години. Додека черепите на децата, наводно, не остануваат непроменети многу добро, кожата и ткивото веројатно ги држеле заедно.
Откритието го остави тимот збунет. Додека студијата забележува дека човечката глава претставувала „моќен симбол за многу култури во Јужна Америка“, черепите на деца ретко се користеле на таков начин. Истражувањето сугерира дека черепите може да се користат за да се заштитат или „дополнително да се зајакнат“ бебињата кога влегле во задгробниот живот, при што таквите доенчиња се верува дека имаат „пред-социјални“ и „диви“ души.
Нема докази кои укажуваат на тоа дека бебињата биле жртвувани, со знаци на неухранетост и заболување кои укажуваат на природни причини. Истражувачите се надеваат дека преку анализи ќе дознаат дали бебињата се во роднинска врска со черепите на децата кои ги носеле.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.