Сите (или скоро сите) знаат кој е Рудолф Дизел – германски инженер кој го создаде дизел моторот. Неговиот изум се покажа како многу корисен. Денес, се користи секаде каде што се потребни помоќни мотори: кај бродови, локомотиви, градежни машини, сите видови возила, особено товарни.
Речиси целата копнена воена технологија на сите армии во светот е со дизел мотори. И од ова мислиме дека Рудолф уживал во богатството и славата кои ги овозможил пронајдокот, но сепак не е така.
Рудолф Кристијан Карл Дизел е роден во 1858 година во Париз, каде што неговите родители, германски имигранти, имале мала книжарница. Тој го измислил новиот мотор и го патентирал неговиот пронајдок на почетокот на 1893 година. Во 1903 година бил лансиран првиот брод со дизел мотор. Во 1908 година се појавиле компактни дизел-мотори, со што почнаа да ги опремуваат камионите и железничките локомотиви. Но, тие биле во мали количини и потфатот се покажал како непрофитабилен. Тука започнува приказната за кобната судбина на Рудолф.
Пронаоѓачот имал потреба од пари и одлучил да ја подобри финансиската ситуација во Англија. Во 1913 година пронаоѓачот бил поканет во Англија. На 29 септември во Антверпен, Рудолф Дизел бил на палубата на бродот „Дрезден“ со кој требал да патува.
Тој на палубата разговарал со двајца мажи, кои потоа ѝ потврдиле на полицијата дека разговарале претежно за политика. Потоа сите 3-ца се упатиле на вечера во бродот. Во 22 часот, Рудолф Дизел се збогувал со неговите нови познаници и отишол во неговата кабина. По патот сретнал момче кое било дел од персоналот на бродот и го замолил утре да го будат во 06:15.
Внатре во кабината инженерот го отворил куферот, ги извадил пишамите, ги ставил на креветот и џебниот часовник го ставил на масичката. Сето ова подоцна било утврдено од страна на истрагата.
Рано наутро кога член на персоналот дошол да го разбуди немало одговор. Тој чукал на вратата , а потоа ги извадил клучевите и ја отклучил собата. Кога влегол, открил дека патникот го нема. На недопрената постела биле поставени превртените пижами, а џебниот часовник блескал на масата. Лесно било да се претпостави дека никој не спиел во кабината.
Откако го пријавиле исчезнувањето на капетанот на палубата била пронајдена шапка и наметка, слични на оние на Рудолф. Биле испрашани сите на бродот, но никој не видел или слушнал нешто. Истрагата продолжила и во Англија, а најмногу ги испрашувале двајцата господа со кои комуницирал тој истата вечер.
Постоела верзија дека на Рудолф му се слошило и излегол на палубата, но изгубил свест и паднал преку оградата, но капетанот тврдел дека оградата е висока 1,5 метар и дека дури и да му се слошило би паднал на палубата.
Некои претпоставувале дека извршил самоубиство, но сите кои го познавале па и луѓето кои го виделе тој ден тврделе дека бил во одлично расположение и бил полн со надеж. Исто така зошто некој би си ги спремил пижамите и би скокнал од брод? Истрагата не пронашла разумен одговор.
Десет дена подоцна, во Северното Море, во близина на Норвешка, екипажот на рибарски брод Коренен пронашол тело на давеник. Бидејќи било во распаѓање го вартиле во водата според морнарската традиција и ги земале само работите кои ги имал со него, паричник, пасош, џебен нож и торбичка за очила. За жал од пасошот ништо не можело да се прочита.
На 13 октомври им ги покажале овие работи на Југен, синот на пронаоѓачот. Тој потврдил дека му припаѓале на неговиот татко. Само една недела подоцна, Марта, сопругата на Југен, го отворила пакетот кој Дизел ѝ го дал пред да отплови во Англија. Тој и рекол да го отвори една недела откако ќе замине, но таа заборавила и го отворила дури кон крајот на октомври. Внатре имало 200.000 германски марки. Зошто пронаоѓачот ѝ ги дал овие пари на снаата? Нема одговор, но секој може да си гради различни хипотези.
Во 1915 година, кога веќе се водела Првата светска војна, американски новинар од весникот ‘New York World’ напишал: „Нема сомнение дека Германците се фрлиле Рудолф Дизел од палубата. Тие сакале да ја чуваат тајната на дизел моторот да ја користат само во нивните подморници. Дизел имал намера да пренесува нови случувања во Англија.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.