На Мадагаскар била најдена подводна пештера полна со коски од изумрени џиновски лемури со големина колку современите горили. Нуркачите нашле стотици фосилизирани коски и скелети на примитивните примати додека ги истражувале подводните пештери на западниот брег на Мадагаскар. Научниците кои го предводат истражувањето тврдат дека би можело да има илјадници единки закопани во меката тиња на дното на пештерата.
Помеѓу нив, научниците нашле и коски од други изумрени животни кои скитале по островот пред илјадни години. Научниците се чудат од каде се нашле толку многу фосили на најразлични изумрени животински видови на едно место.
„Тие се целосни, што е многу редок случај во палеонтологијата. Овде сѐ е целосно и на едно место. Зачуваноста е неверојатна“ – вели проф. Алфред Розенбергер, еволотивен приматолог на Бруклинскиот колеџ во Њујорк. „На пештерското дно се видливи стотици примероци, но проценуваме дека всушност ги има илјадници во седиментот.“
Професорот вели дека е нејасно како се нашле таму сите заедно, и дека тоа дополнително ќе се истражува.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.