Кина се обидува да стигне до дното на мистериозната „супстанција слична на гел“ која се наоѓа во кратерот на далечната страна на Месечината.
Роверот на Месечината „Јуту-2“ ја забележал бизарната течност минатиот месец, но морал да се исклучи и да „дремне“ скоро веднаш по моментот откако ја забележал.
Опремата се исклучува 14 дена, бидејќи лунарната ноќ е толку студена што ќе замрзне и ќе го уништи роверот, ако не се затвори за да се заштити. Откако се разбуди минатата недела, Кина го испрати роверот назад на местото во обид да го слика, да земе примероци и да го проучи материјалот.
Неодамнешниот пост на кинеските социјални медиуми откри неколку детали за тоа како кинеската вселенска агенција (ЦНСА) имала намера да го открие материјалот. Првиот обид бил неуспешен, но со вториот роверот успеал да се приближи и да ја проучи со спектрометарот. Сепак точните откритија се сѐ уште мистерија.
Роверот, кој е на Месечината со лунарната сонда Change-4, внимателно се приближил до кратерот и потоа се насочил кон чудно обоениот материјал. Една можна теорија што ја предложиле истражувачите кои не биле вклучени во мисијата е дека супстанцијата е стопено стакло создадено од метеорити што ја погодуваат површината на Месечината. Но, што навистина е останува на научниците да откријат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.