Млад детектив по име Стефан разгледувал необичен случај, во кој станувало збор за убиство. Во случајот биле инволвирани 5 луѓе и сите се познавале меѓу себе. Еден од нив бил убиен со пиштол. За жал во документите не го пишувало името на жртвата, ниту пак на убиецот.
Стефан внимателно ги разгледал документите и успеал да ги открие имињата на жртвата и убиецот со помош на неколку важни детали. Дали можете и Вие да одите по стапките на Стефан и да откриете кој е жртвата, а кој убиецот во овој случај?
Петар
Петар е тенисер, аматер. Еден ден по злосторството тој бил дел од турнир и играл против личност која не била поврзана со случајот.
Иван
Иван се доселил во градот една година пред да се случи убиството. Тој се родил и израснал на мал остров, каде што поголем број од жителите се рибари. Затоа сонот на Иван е да поседува едреник за риболов.
Марко
Марко работи како манекен и е голем нарцис. Толку голем нарцис што само неколку дена пред убиството почнал да му позира на Јован, кој се согласил да му направи целосен портрет.
Јован
Јован е познат уметник. Тој вели дека очекува да го заврши портретот на Марко за една недела.
Александар
Веднаш откако се случило убиството Александар заминал на Антарктикот како дел од експедицијата за проучување на морски живот. Тој сѐ уште е на Јужниот Пол, заедно со 20 други научници.
Како додаток главниот детектив ги потенциралл следните важни околности:
- Една недела пред да се случи убиството убиецот ја скршил ногата.
- Александар и Марко се запознале 6 месеци пред убиството.
- Александар и убиецот се познавале од детството- израснале во соседни куќи во голем град.
Откако убаво размислил детективот Стефан го открил името на жртвата и убиецот. Дали и Вие успеавте во тоа?
Одговорот ќе биде објавен доколку вие го побарате тоа во коментари.