Се верува дека древна цивилизација ги изградила овие исправени камења во дождовната шума пред 1000 години. Претставата дека Амазон главно останал недопрен од човечката цивилизација, освен некои спорадични активности на неколку номадски племиња, е доведена под прашање по откритието на мегалитски камен спомеик во Бразил.
Се чини дека овие исправени камења биле исправени од страна на цивилизација која во регионот живеела векови пред Европејците за првпат да пристигнат на континентот. Ова, заедно со неодамнешното откритие на геоглифи, утврдени населби и комплексни патни мрежи води до претпоставка дека Амазон можеби некогаш бил дом на над 10 милиони луѓе.
„Полека почнуваме заедно да ја составуваме сложувалката на човечката историја во Амазонскиот базен, и тоа што го најдовме во Амапа е апсолутно фасцинантно“, вели археологот Маријана Кабрал.“
Споменикот бил откриен од Лаилсон Камело да Силва, надзорник на сточна фарма, кој налетал на камењата додека работел на тоа овој дел од прашумата да го претвори во пасиште.
„Немав поим дека сум нашол Амазонски Стонхенџ“, вели тој.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.