Околу оваа мистериозна убавица се крена многу галама во светските медиуми откако Џастин Бибер се заљуби во неа на Инстаграм. Девојката која му останала в очи на Џастин Бибер е студентка којашто заработува четири евра на час со чување деца.
Убавата бринета, којашто на Инстаграм членува под псевдонимот „wolfiecindy“ е 17-годишната Синди Кимберли. 21-годишната поп сензација, Џастин Бибер, ја прослави убавата тинејџерка така што постираше нејзина слика на својот профил на Инстаграм и прашувајќи: „О Боже мој, која е таа?“
Набргу неговите фанови на Твитер му кажале дека тоа е девојка кој се вика Синди Кимберли, којашто постирајќи свои селфи фотографии под псевдонимот „wolfiecindy“ веќе привлекла илјадници следбеници на Инстаграм.
Синди Кимберли живее во градот Дениа, во шпанската провинција Аликанте. и на интернет се рекламира себеси како бејбиситерка, нудејќи ги своите услуги за 4 евра на час. Во своето CV резиме, постирано пред да наполни 17 години на почетокот на оваа година заедно со истата фототграфија којашто му го привлекла вниманието на Бибер, таа вели:
„Се викам Синди Кимберли и имам шеснаесет години. Не пушам, можам да пазарувам и да помагам во домашните работи. Ако ви треба бејбиситерка и сакате да дознаете повеќе за мене, контактирајте ме. Ги сакам децата и можам да им помогнам со учењето на англискиот бидејќи имам добро познавање на англискиот јазик“.
Себеси се опишува како студентка и вели дека иако го знае англискиот јазик, нејзиниот мајчин јазик е шпанскиот. Во делот за тоа колку наплатува на час, таа наведува четири до шест евра, пари коишто милионерот Џастин Бибер ги заработува во секунда.
Нејзината волја за работа е достојна за восхит. Во делот кадешто опишува кога е достапна се означени сите денови, од понеделник до недела. Нејзините вистински две презимиња се типични шпански презимиња, но во медиумите не се објавуваат, со цел формално да се заштити нејзината приватност.
Синди Кимберли, која неверојатно личи на руската манекенка Ирина Шајк, била преплавена со внимание откако канадскиот пејач ја истакнал на интернет. Во одговор на сето тоа, таа постирала пост на Фејсбук во кој вели: „Навистина не знам како да се справам со сево ова, но јас имам профили само на Тамблер и Инстаграм, па се друго што луѓето го наоѓаат е лажно (имав профил и на Твитер, но го деактивирав.“
Досега ниеден медиум не контактирал успешно со девојката.