Иако не знаеме кој е тој (таа) сите знаеме што направил. Сатоши Накамото бил пронаоѓачот на биткоин протоколот објавувајќи труд преку „Cryptography Mailing List“ во ноември 2008 година. Првата верзија ја објави во 2009 година и потоа учествуваше и во други проекти се додека не исчезна од општеството при крајот на 2010 година.
Дали некој знае кој е Накамото?
Не, но постојат повеќе претпоставки. Џошуа Дејвис од Њујоркер верува дека Сатоши Накамото бил Мајкл Клир дипломиран студент по криптографија од Даблин. Тој дошол до овој заклучок со анализирање на 80.000 зборови од интернет-записите на Накамото и потрага по лингвистички индиции. Тој, исто така, се сомневал и во Вили Лехдонвирта, фински економски социолог и креатор на игри. И двајцата негирале дека се пронаоѓачот на биткоин.
Адам Пененберг тврдел дека зад псевдонимот Накамото се кријат три лица, Нил Кинг, Владимир Оксман и Чарлс Брај. Тој го сфатил оваа така што пишувал уникатни фрази кои се користеле во трудот за биткоин на Накамото, на Гугл за да провери дали се користат на друго место.
Други сметаат дека тоа е Марти Малми, програмер кој живее во Финска, кој од почетокот бил вклучен во биткоин и го развил корисничкиот интерфејс.
Прстот исто така бил посочен и кон Џед МекКејлеб, љубител на јапонската култура и жител на Јапонија, кој ја креирал комплицираната размена на биткоин Mt. Gox и бил ко-основач на децентрализираните системи на плаќање Ripple и Stellar.
Друга теорија сугерира дека компјутерските научници Донал О’Махони и Мајкл Пирс се Сатоши, врз основа на трудот кој тие го напишале во врска со дигиталните плаќања, заедно со Хитеш Тевари, врз основа на книгата што ја објавија заедно. О’Махони и Тевари исто така студирале на истиот Универзитет со Мајкл Клир.
Во мај 2013 година, Тед Нелсон велел дека јапонски математичар професорот Шиничи Мочизуки е Сатоши, но и самиот изјавил дека доказите му се индиректни.
Што знаеме за него?
Едно нешто што го знаеме, врз основа на интервјуа со луѓе кои биле вклучени во раната фаза на развојот на биткоин, е дека тој многу добро и темелно го развил и разбрал системот. Неговиот кодирање не било конвенционално, според Џеф Гарзик, со тоа што тој не го применил истото ригорозно тестирање што се очекува очекува од класичен софтверски инженер.
Колку е богат?
Анализите на Серџо Лернер сугерираат дека Сатоши изградил богатство од околу еден милион биткоин. Тоа богатство би изнесувало 1 милијарда долари во девизниот курс во ноември 2013 година.
Што прави сега?
Никој не знае што прави Сатоши сега. Во последната порака испратена до неговиот програмер во 23 април 2011 година, пишувало: „Продолжив со други работи. Во добри раце е со Гевин и останатите.“
Дали работел за државата?
Се разбира, постојат гласини. Луѓето го толкуваат неговото име како „централна интелигенција“, но луѓето ќе го гледаат онаа што сакаат да видат. Таква е природата на теориите на заговор. На крајот од денот, биткоин сега е далеку поголем од псевдонимот Сатоши Накамото.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.