Повеќе од 50 мртви пилот китови се пронајдени на запуштена плажа во западниот дел на Исланд. Нив случајно ги забележале туристи кои биле на тура со хеликоптер.
Дејвид Шваржанс, пилотот на хеликоптерот изјавил дека тој и неговите патници успеале да избројат барем 50-тина мртви китови исфрлени на полуостровот Снајфедлснес. Пилотот вели дека најверојатно има уште затоа што дел од нив веќе биле скоро закопани под песокот.
Се верува дека китовите биле ифрлени на брегот во исто време и починале од дехидрација. Пилот китовите се познати по тоа што се движат во големи групи, иако на научниците сѐ уште не им е познато зошто го прават тоа.
Научниците и експертите сѐ уште немаат логично објаснување што се случило и зошто.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.