33. јужна и 33. северна паралела се уште една интересна тема за дискусија. Многумина сметаат дека локацијата на градбите на овие линии имаат врска со Слободните Ѕидари и масонството, религиозни заедници и тајни здруженија, но постојат и бројни историски факти кои се припишуваат на мистериозни места како овие.

pr01

Во северната хемисфера, 33. паралела минува низ големи американски градови како Лос Анџелес, Феникс, Далас и градот Росвел, област позната по својата историја со наводни забележувања на НЛО-а. Интересно е и тоа што американскиот претседател Џон Ф. Кенеди беше убиен на 33. паралела, во градот Далас. Некои веруваат дека оваа паралела била нарочно избрана за неговиот атентат. Згора на тоа, неговиот брат исто така бил убиен на 33. паралела, во Амбасодор Хотел во Лос Анџелес. Американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт исто така умрел во близина на 33. паралела. Кесареја Филипи, во близина на 33. паралела е местото каде што Исус си ја предвидел сопствената смрт.

„Светлата над Феникс“ е познат случај, при кој илјадници луѓе биле сведоци на НЛО над градот Феникс, и тогаш наводно биле видени два различни НЛО настани. Градот Феникс се наоѓа на 33. паралела.

Понатаму, првата нуклеарна експлозија се случила во Аламогордо, Њу Мексико, на 33. паралела. На Африканскиот континент, во градот Казабланка се напѓа голема пирамидална структура – сместена точно на 33. паралела. Дали сте знаеле дека Хари С. Труман, американскиот претседател кој нареди врз Хирошима и Нагасаки да се фрлат нуклеарни бомби, е 33. по ред американски претседател. И сосема случајно, 33. паралела минува точно меѓу двата града.

Лулката на древната Сумерска цивилизација во Месопотамија, денешен Ирак, се наоѓа на место каде што двете реки Тигар и Еуфрат се спојуваат точно на 33. паралела, во Персискиот Залив. Некои библиски текстови сугерираат дека ова е местото каде што некогаш се наоѓала Рајската градина. Во моментот областа воопшто не наликува на рај, поради бројните конфликти.

Дали сте знаеле дека Багдад се наоѓа на географската ширина 33 ° 33’N и дека палатата на Садам Хусеин се наоѓа токму на таа позиција. Древниот град Дамаск, Сирија, исто така се совпаѓа со оваа паралела. Иран и Авганистан се пресечени од 33. паралела, а на нејзиниот пат се наоѓаат и Кејптаун во Јужна Африка и Сиднеј во Австралија. Покрај тоа, Бермудскиот триаголник е исто така поврзан со оваа мистерија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено