Социјалните медиуми се благослов и клетва. Од една страна ни овозможуваа да се поврземе со блиските и со луѓе од целиот свет, а од друга страна може да се претвори во ужаснувачко мочуриште од срамни слики кои би можеле да излезат во јавнота. Но, има и уште нешто изненадувачко во врска со нив – а тоа е дека не се ништо ново.

Како социјалните медиуми би можеле да не се ништо ново? Како би можеле да функционираат без интернет? Всушност, аналогните верзии како Линкедин и Фејсбук се присутни со векови. Тие постоеле во вид на книги наречени alba amicorum, во кои луѓето собирале пораки и слики од нивните пријатели и колеги. Холанѓанскиот историчар Софи Ранјдерс ги проучува овие фасцинантни историски артефакти.

Овие книги биле користени од младите мажи и жени од северна Европа за да ги запишуваат пријателите и професионалните врски и да водат евиденција за нив. Се верува дека ова започнало во 1560 година.

fb01

Alba amicorum од латински буквално значи „книга на пријателите“.

fb02

Овие книги ги користеле и момчиња и девојчиња, но со оглед на тоа како функционирало општеството во седумнаесеттиот век, тие ги употребувале од различни причини.

fb03

Момчињата редовно биле праќани на пат низ Европа за да учат на познатите универзитети и институции и за да се сретнат со големи и познати мислители и учени. Така, тие ја употребувале „Книгата на пријателите“ на ист начин како што денес се употребува Линкедин, како начин да се обезбедат професионални врски.

fb04

Овие илустрации се од книгата на на Михаел ван дер Меер, кој ги забележал своите патувања со впечатливи илустрации.

fb05

Некои цртежи прикажуваат припадници на аристократијата.

fb06

А очигледно минал некое време и со убави дами.

fb07 fb08

Додека момчињата патувале низ континентот, девојчињата вообичаено биле праќани во манастири, или да бидат дворски дами и така да напредуваат во општеството. Тие не патувале многу, но и тие си имале „Книга на пријателите.“

fb09

Но, наместо белешки од научници и уметници, книгите на девојките биле полни со кореспонденција со нивните пријателки и обожаватели, шеги и детални записи за општествени настани. Ако книгите на момчињата биле како Линкедин, книгите на девојките биле како Фејсбук.

fb10

Богато украсената книга на Јулиана де Русел

fb11

Оваа припаѓала на Јакоба Корнелија Болтен

fb12

Овие книги неверојатно потсетуваат на Фејсбук – само технологијата била малку различна. Сликите се цртале, а наместо да споделуваат статии и статуси, ги запишувале омилените поговорки и стихови. Многу жени дури пишувале и своја поезија. Брачните двојки ги „обновувале нивните статуси“ со пишување на заедничка белешка.

Страниците како оваа од книгата на Маргарета Хаген ги покажува впечатоците на гостите на нејзината забава.

Во еден пасус пишува:

За празниците, на вториот ден
Ние гостите го пишуваме ова за тебе
Толку многу се напивме
И љубовта не зашемети
Што не оставивме ништо во шишето

fb13 fb14

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено