Овој млад Индонезиец започнал да се допишува на Интернет со една девојка од Тајван. Дијалогот бил интересен, муабетот им тргнал, а потоа почнале да разменуваат и фотографии. Сепак, имало еден малку необичен момент. Девојката многу се срамела да го покаже лицето, освен на фотографија.
На заљубениот дечко тоа не му пречело, сѐ додека девојката без проблем му ги покажувала другите делови од телото. Дури му било и интересно.
Но во еден момент работите се искомплицирале. Родителите на девојката ѝ нашле младоженец, таа го сакала Индонезиецот, но не можела да му се спротиставува на волјата на семејството.
Тогаш Индонезиецот целиот скршен, решил да преземе иницијатива и ја запросил девојката и дури ѝ испратил пари за да избега од дома.
Девојката не размислувала долго, туку веднаш се согласила. Кога дошла, многу инсистирала на почитување на традицијата, па цело време до свадбената церемонија си го криела лицето со превез.
По церемонијата, кога на првата брачна ноќ, конечно дошло време младоженецот да си ја види својата сопруга, тој се шокирал. Под превезот, наместо милото лице на неговата сакана, се криела фаца на еден постар крокодил.
Се разбира, младенците веднаш се развеле, а девојката признала дека му испраќала фотографии од тајвански фото модели.