Носителката на титулата „Мис на Москва“ за 2015, Оксана Воеводина се омажи за кралот на Малезија Мухамед V, па да погледнеме како течеше венчавката преку фотографии.
Најинтересно е што свадбата се одржа во московскиот регион Барвиха, а прославата помина без ниту една капка алкохол. Оксана беше облечена во руски облека, а нејзиниот сопруг во традиционална малезиска облека. Вреди да се напомене дека според некои извори, девојката го прифатила исламот пред свадбата, а исто така била забележана и во хиџаб пред прославата.