24-годишната украинска манекенка Ана Зајачковскаја во 2013 година победи на изборот за Мис на Украина. Девојката се омажила за италијанскиот милијардер Џанлука Червара, но раскошниот живот не траеше долго. Неодамна милијардерот крена врева во мејнстрим медиумите дека исчезнала, но тој бил паметен и преку Инстаграм ја нашол каде е. Милијардерот поднесе тужба против манекенката за кршење на предбрачниот договор и за кражба на 6000 евра и мобилен телефон.
Но, приказната има и друга, горчлива страна, која ја раскажа манекенката.
Милијардерот својата жена ја нашол на Инстаграм.
Набрзо откако стапиле во брак, Ана станала жртва на семејно насилство, факт со кој не сакала да се помири.
„Првиот пат кога тој ми го направи тоа, јас побегнав кај моите родители во Ивано-Франковск (град во Украина). Јас ништо не им кажав. Тој дојде, ме замоли да му се вратам и јас му дадов втора шанса. Потоа, за време на една расправија, тој ми плукна в лице и јас едноставно не можев да го поднесам веќе“ – вели украинската убавица.
„Една недела пред бегството јас имав страшна главоболка, но на Џанлука не му беше гајле. Тогаш решив дека мора да променам нешто. Јас живеев во златен кафез, а цел живот сум била слободна. Сфатив дека главоболката е знак дека тоа повеќе не треба да се трпи.“
Девојката моментално е во Њујорк, каде и се врати на својата кариера како манекенка, а со поранешниот сопруг ќе се гледаат само на суд.