Кој би рекол дека постои и натпревар за мечки и тоа за нивната дебелина. После една тензична недела на гласање, резултатите конечно пристигнаа.
На натпреварот „Fat Bear Week 2019“ победи мечката по име Холи, која ги надмина своите најголеми конкуренти Чанк и Лефти.
Секоја година, националниот парк Катмаи подготвува натпревар за најдебелите мечки. Оваа година имало многу натпреварувачи, но ниту еден не ја надминал Холи, која има меше за сите нив заедно. Таа благодарение на нејзината тежина од nad 700 килограми ќе може мирно да хибернира до пролетта.
Холи е супер мајка и одгледувала голем број младенчиња, дури и успешно одгледала и едно со инвалидитет. Таа дури посвоила и одгледала изгубено младенче што не било нејзино. Таа и претходно учествувала во натпреварот, но изгубила. Овој пат победила затоа што оваа година немала малечки и можела да јаде лосос сама без да го споделува, а тоа навистина ѝ се познава.