Без разлика каков сѐ накит поседувате, веројатно никогаш не сте имале нешто вакво. „Што па има толку посебно во тие прстени?“ се прашувате. Па, одговорот е едноставен. Овие прстени не се нормални прстени. Овие прстени во себе содржат тајни светови.
Прстените се дело на „Сикрет Вуд“, канадски производител на накит. Сите се рачно изработени од дрво, епоксидна смола и пчелин восок. Никогаш нема два исти прстени, што значи дека секој е уникат, заедно со светот во него. Уживајте во уште еден пример за човечката креативност!