Стивен Хокинг сугерира дека една единствена црна дупка би можела да ја напојува целата наша планета со електрична енергија. Вообичаено се смета дека црните дупки се исклучитело опасен и деструктивен феномен, но што ако нивната бесконечна енергија би можеле да ја свртиме во наша полза?

Ова е еден од концептите кој проф. Стивен Хокинг го опиша за време на своето второ предавање на Би-Би-Си радио 4 оваа недела.

cd

„Една црна дупка со големина на планина би испуштала гама и х-зраци во количество од 10 милиони мегавати, што е доволно целиот свет да се снабди со електрична енергија“, вели тој. „Но, не би било лесно да се скроти црна дупка. Не би можеле да ја чувате во електрична станица, бидејќи би пропаднала низ подот и би завршила во центарот на Земјата. Кога би имале таква црна дупка, единствениот начин би бил да се чува во орбитата.“

Дури и кога би можеле да најдеме таква минијатурна црна дупка, би требало да бидеме многу внимателни, бидејќи само еден погрешен чекор би можел да заврши со катастрофа – предупредува професорот.

Но, досега и покрај сите години на трагање, научниците допрва треба да откријат црна дупка. „Тоа е штета, бидејќи ако го сторат тоа, јас би добил Нобелова награда“, се шегува Хокинс.

Сподели на Facebook
пати видено