Човек од Сиднеј се здобил со изгореници од трет степен откако кога го удрил неговиот Ајфон при мал пад. 36-годишниот Гарет Клир го возел својот велосипед низ резерватот Менли Дам во недела попладне со неговиот телефон во задниот џеб, кога неговото стапало ја промашило педалата, по што тој паднал, здобивајќи се со незначителни гребаници.

vp01

Кога станал, забележал чад од неговиот заден џеб и почуствувал жештина на десната страна.

„Одеднаш го видов тој неверојатен чад“, вели тој. „И во тој миг почувствував жешка бола – како некој да ми турнал огромна коцка лед врз мојата нога. Беше многу болно.“

vp02

Кога Клир се свртел, видел дека неговите велосипедистички панталони и шорцевите под нив се стопиле.

„Телефонот ми беше залепен за ногата“, вели тој. „Температурата сигурно била над 100 степени.“

Очајно обидувајќи се да ги соблече стопените панталони и експлодираниот телефон, си ги изгорел и прстите, па така морал со тупаница да го турне телефонот од неговата изгорена кожа.

„Бев сам, се тркалав на земјата во агонија“, раскажува тој. Но, знаејќи дека експлодираниот телефон можел да наштети на некој кој би го нашол, тој почекал додека уредот да се излади, за да може да го понесе со себе. „Седев таму 20-тина минути бидејќи сакав да го понесам телефонот со мене. Употребив две дрвца да го кренам телефонот и додека да се вратам во Менли, веројатно уште некои 30 минути, тој конечно се излади.“

vp04

Изгорениците на Клир биле толку лоши што бил пратен на пресадување кожа. Првично тој бил загрижен дека литиумот од експлодираниот телефон му ја затрул крвта.

„Мислев дека сум отруен“, вели тој. „Но, кога пристигнав во болницата, тоа беше последното на што мислев. Ми кажаа дека сум загубил три слоеви кожа. О, добро – им кажав – тогаш подобро да сториме нешто околу тоа.“

vp06

Несреќниот случај нема да го одврати од возењето велосипед, вели тој, но со сигурност никогаш повеќе нема да го носи својот Ајфон со себе.

„Тоа е трагедија која чека да се случи. Мини бомба“, вели тој. „Сите ајфони се исти – ако се случило на еден, ќе се случи и на друг. Имав среќа што носев дебела облека и што пукна во близина на долниот дел од моето тело.“

vp03 vp07

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено