Што ако ви кажеме дека сѐ што сте знаеле за минатото до сега е лага? Тоа би ве поместило од колосек, зар не? За среќа, нештата не се толку екстремни, но сепак е загрижувачко до која мера луѓето се подготвени на манипулација, а во исто време застапувајќи се за вистината.

Типичен пример за тоа се некои историски фотографии кои биле изменети на сличен начин како што денес се употребува фотошоп за насловните на списанија и за филмски плакати. Разликата е во тоа што наместо да се отстранува целулит, се отстранувале неподобните и непожелните фигури или нешта кои би можеле да го намалат угледот на засегнатите политичари. Звучи лудо, но уште полудо е тоа што луѓето биле способни на такво нешто и пред Фотошоп.

1. Јозеф Гебелс бил отстранет од оваа фотографија со Хитлер поради непознати причини.

rt01

2. Дури и членовите на семејството не се безбедни од Ким Џонг-ун. Јанг Сонг-Таек, вујкото на севернокорејскиот диктатор бил отстранет од оваа фотографија откако бил погубен по наредба на неговиот внук.

rt02

3. На оваа фотографија со Виснтон Черчил му е отстранета пурата откако пушењето било прогласено за штетно по здравјето.

rt03

4. Леон Троцки е отстранет од оваа фотографија откако бил осуден од Владимир Ленин откако Троцки застанал на страната на опозицијата.

rt05

5. Не можејќи да најдат добра фотографија со Јулисис С. Грант, фотографските уметници од три различни фотографии направиле една.

rt06

6. Николај Јежов бил главата на тајната полиција за време на режимот на Сталин. Откако се покажал како нелојален на водачот на СССР, бил отстранет, вклучително и од оваа фотографија.

rt07

7. Телото на оваа фотографија со Абрахам Линколн всушност му припаѓа на Џон Калун.

rt08

8. Бо Гу, лидерот на комунистичката партија на Кина бил отстранет од оваа фотографија откако паднал во немилост кај Мао Це Тунг, основачот на Народна Република Кина.

rt09

9. На оригиналот од оваа фотографија со Бенито Мусолина имало човек кој го држел коњот. Бил отстранет за Мусолини да изгледа како посилна и понезависна личност.

rt10

10. Григориј Нељубов бил избран да биде дел од „Шесторката од Сочи“, група советски космонаути кои ќе ја истражуваат вселената. Нељубов бил отстранет од фотографијата откако бил отстранет од програмата поради непристојно однесување под дејство на алкохол.

rt11

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено