Речиси дваесет години по смртта на нејзиниот син, Вики Бренон ја има можноста пак да го слушне биењето на срцето на нејзиниот син, но овојпат во телото на Џенифер Лантини, којашто го добила срцето како донација, и како нова шанса за живот по долгата борба со срцево заболување додека била тинејџерка. Иако трансплантацијата се случила пред многу години, двете жени за првпат се запознаа на интернационалниот аеородром во Тампа, Флорида.
Средбата очигледно била многу емотивна. Лентини го опишува Метју, синот на Бренон, со зборовите „мој ангел чувар.“
Вики Бренон го слуша срцето на нејзиниот син во градите на Џенифер Лентини
Благодарение на Метју, денес Џенифер Лентини живее здрав живот. Вики не може да биде посреќна за Џенифер, и вели дека ја чувствува како ќерка.