Напатениот пејач Боби Браун тврди дека во една прилика имал сексуален однос со дух откако купил „морничава“ палата – но цврсто стои на тоа дека не бил под дејство на дрога за време на тоа. Во интервју со Робин Робертс тој објаснил: „Ја купив таа палата во Џорџија. Тоа беше навистина, навистина морничаво место. Еднаш, се будам, и да…дух…Ми се беше качил дух. Не бев дрогиран. Не трипував.“

dh01

Браун го изјавил ова бизарно тврдење во текот на интервју за 20/20 на Еј-Би-Си, каде што се отворил за загубата на неговата ќерка Боби Кристина Браун, која починала минатата година. Таа била во кома уште откога била најдена несвесна со лицето надолу во бања во нејзиниот дом, речиси три години откако нејзината мајка – Витни Хјустон – била најдена мртва во хотелска бања додека престојувала во Беверли Хилтон во Лос Анџелес за време на доделувањето на Греми наградите во 2012 година

dh03.

Тој споделил како неговата ќерка се оддалечила од него и другите членови на семејството по смртта на нејзината мјака во 2012 година, но дека две години подоцна се помириле за време на Денот на таткото.

„Тоа беше посебен ден“, изјавил Браун, додавајќи дека нештата оделе толку добро што неговата ќерка решила да се пресели во Лос Анџелес два дена пред несреќниот случај.

dh04

„Кога би можел да ги вратам тие два дена назад, мојата ќерка ќе беше тука“, вели тој. „Сѐ што сакам е да си ги добијама назад тие два дена. Место да чекав, ќе појдев кај неа и ќе ја доведам дома, наместо да ја чекам таа да дојде кај мене. Требаше да дојде во Лос Анџелес да живее со мене… Не му го посакувам тоа ни на најголемиот непријател“, вели пејачот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено