Пам де Алмеида, мајка на две деца од Канада, редовно споделува фотографии и стории за нејзината 20-месечна ќерка Софија која има Даунов синдром. Искрената и отворена мајка стекнала повеќе од 2600 следбеници на нејзиниот блог „Парче живот“ кој го започнала во 2015 година како личен проект за неа, семејството и пријателите.

„Беше посветен совршено да го одрази мојот несовршен живот на одгледување дете со Даунов синдром преку новинарска фотографија и пишани зборови“, вели Де Амлеида.

ds01

И покрај тоа што е позната по нејзините топли и трогателни постови, Де Алмеида неодамна споделила моќна објава за нејзините „тајни“ за тоа како е да се биде мајка на дете со специјални потреби.

„Сето тоа беше поттикнато од 14-дневниот престој во болница со Софија додека беше лекувана од инфекција на крвта“, вели таа. „За тоа време мојата најдобра пријателка со која се знаеме 15 години го прекрати нашето пријателство, а престојот во болницата направи навистина длабоко да го почувствувам тоа.“

ds03

На својата Фејсбук страница, г-ѓа Де Алмеида вели дека за тајните кои ги споделува никогаш порано не зборувала.

„Ќе признаам, навистина се двоумам дали да го споделам ова, но по неколку дена размислување, решив дека би сакала да ги споделам моите тајни“, пишува таа. „Се грижам, плачам, станувам нервозна и вознемирена. Често ми велат – ти си толку силна мама! Но, во реалноста јас се чувствувам секако, само не и силна. Правам што треба да се направи бидејќи го морам тоа. Бидејќи нема друга можност“, пишува таа. „И тоа не ме прави ништо посебна. Тоа не ме прави храбра. Со сигурност не ме прави супер мама, бидејќи во реалноста, кога би се наоѓале во моја кожа, и вие би го правеле истото. Бидејќи на крајот на краиштата, зар тоа не е тоа што го прават мајките за своите деца?

ds05

Општеството како целина е исполнето со љубезни, фини луѓе. Луѓе кои цврсто газат на земјата и ви ја одтвораат вратата за да поминете први. Но, некои луѓе се сурови. Е сега, јас не живеам под стаклено ѕвоно. Знам дека во овој свет има омраза“, пишува таа. „Знам дека има расизам, предрасуди и дискриминација. Само не знаев колку сето тоа е вистинско, сѐ додека не станав мајка на дете со посебни потреби. Ми беа кажале и да ја абортирам Софија. Ми беше кажано дека таа ќе биде товар на општеството. Ми кажаа дека имам среќа што имам барем едно „нормално“ дете дома. Тие зборови болат. Знам дека изгледа како да сум ги оставила само да ми се стркалаат од грбот. Знам дека изгледа како да имам дебела кожа. Но плачам. Плачев секогаш кога некој ќе ми кажеше такво злобно нешто. Но и секогаш продолжував. И покрај тоа што тие зборови болат, докажав дека можам да продолжам напред, а не да дозволам да ме надвладеат.“

ds06

Друга тајна на Де Алмеида е дека изгубила пријатели, и тоа ја прави осамена.

„Зошто? Можеби тие не можат да разберат низ што минувам. Можеби за нив е премногу тешко да си претстават. Можеби се чувствуваат дека и така си имам тешкотии па не сакаат да ми претставуваат товар и одбираат да ме остават сама“, пишува таа. „Тоа што сакам секга да им кажам е – ми бевте потребни. Кога мојот живот стана лудо презафатен со закажувања, терапии, посети на докторот, престои во болница и третмани, ми требавте.

Не ми требаше простор. Веќе имаше премногу простор. Гледав како со текот на годините „просторот“ помеѓу мене и некои пријатели стануваше сѐ поголем…за на крајот да стане толку голем што никој од нас веќе не можеше да мине преку него, тоа ми го крши срцето.“

ds04

Четвратата тајна на Де Алмеида е таа за која секогаш се плашела да зборува.

„Се грижам за смртта. Особено за Софија. Ужасно е, знам. Да се напишат овие зборови. Но, кога вашето дете има здравствени проблеми тоа е со повисок ризик да развие било каква болест или зараза што постои, и тоа ве загрижува. Не дозволувате да ве обземе. Но тука е…скриена длабоко во вашиот мозок и вашето срце, бидејќи знаете колку е ужасно дури и да се помислува на такво нешто. Да се чувствувате така. И секогаш кога помислувате на тоа, бргу го потиснувате назад во тој длабок агол и се чувствувате посрамено што воопшто и сте помислиле на тоа, без разлика на колку кратко.“

Но, најважно од сѐ е тоа што Алмеида вели дека не би променила ништо од тоа.

„Ниту за ден, ниту за минута, ниту за секунда. Без разлика колку е тешко и колкав предизвик да станат нештата, без разлика колку пријатели ќе си заминат, без разлика колку сурови коментари ќе има, без разлика со какви здравствени проблеми ќе се соочиме, ќе се соочиме заедно“, вели храбрата и пожртвуваната мајка.

ds07

Сподели на Facebook
пати видено