Стотици жени покренуваат тужба поради тоа што производ за нега на косата рекламиран од славни личности им предизвикал невидени болки на скалпот и опаѓање на косата. Повеќе од 200 жена од четириесет држави потегнале тужба против „Вен“, кондиционер за чистење дизајниран од стилистот за коса Чаз Дин од Лос Анџелес, тврдејќи дека употребата на формулата резултирала со ќелавеење, осип, иритација на скалпот и обезбојување на косата.
„Вен“, кој беше рекламиран од Брук Шилдс и Алиса Милано, го опишува производот како „алтернатива на шампон, кој не содржи сулфати и може да се употребува како шампон, кондиционер, длабински кондиционер, отплеткувач и кондиционер кој се остава“, но жените кои го употребувале производот велат дека тој им предизвикал неспоредливи оштетувања на нивната коса.
На својата веб-страница брендот вели дека се разликува од било кој друг производ за нега на косата и дека „истовремено ја чисти и негува косата. Прочистувачите вклучуваат мешавина на совршен спој на специјални состојки, вклучувајќи природни билки и не содржат натриум лаурил сулфат или други груби хемикалии“.
Во текот на последните неколку години повеќе клиенти се пожалиле за ефектите на Вен врз нивната коса, на онлајн форумите како Конзумерс Аферс и Амазон. Но, во ноември тоа кулминирало со тужба против Вен и рекламниот гигант Гути-Ренкер, којшто исто така го поседува и Проактив.
Во тужбата, една жена со име Ејми Фридмен вели дека во јануари 2014 купила комплет производи на Вен за 29.95 долари и две денели подоцна нејзината коса почнала да ѝ опаѓа. Набргу престанала да го употребува производот, но на крај изгубила „една четвртина до една третина од нејзината коса“, и била присилена да потроши многу пари на продолжетоци за коса за да ја прикрие својата ќелавост.
Адвокатската фирма која ги застапува 200-те тужители вели дека компанијата би можеле да ја тужат и дополнителни „илјадници или десетици илјадници оштетени муштерии поради губење на нивната коса.“
Бев професионална манекенка со прекрасна природна долга коса“, пишува една жена на сајтот „Писд Консјумер“. „По употребата на овој производ по скалпот и лицето ми се исфрлија меури, а косата ми паѓаше во купчиња. Овој шампон ми го уништи животот.“
Друга жена на ѕидот на Фејсбук на Вен постирала фотографија со големо ќелаво место на својата глава, пишувајќи: „Не можам од дома да излезам. Депримирана сум. Производите на Вен се виновни за паѓањето на мојата коса.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!