Каде и да одат луѓето, зад нив останува ѓубре. Истото важи и за месечината, низ чијашто површина е расфрлан отпад од 200 тони. Дел од тој отпад, како американските знамиња и медали има историска и културна вредност, но останатиот дел – топчиња за голф и празни пакети од храна – е обично ѓубре.

Од каде се нашло таму?

ms01

И од каде се нашол тој 200-тонски отпад на месечината? Најчесто доаѓа од беспилотните вселенски сонди, кои редовно удираат во месечината и се одговорни барем за 70 отпадни материјали. Другиот отпад доаѓа од самите луѓе. Американските астронаути Баз Алдрин и Нил Армстронг оставиле повеќе од 100 отпадни материјали, како разен алат и плакетата која гласи „Дојдовме со мир во име на целото човештво.“

Што сѐ има таму?

ms02

Најразновиден отпад, вклучувајќи повеќе од 70 летала, пет американски знамиња, две топчиња за голф, 12 пара чизми, ТВ камери, списанија, 96 вреќи измет, фотоапарати, метални шипки, чекани и друг алат, ранци, покривки, влажни марамчиња, празни пакети од храна и фотографија со семејството на астронаутот Чарлс Дјук.

Американски знамиња

ms03

Научниците од НАСА биле љубопитни да видат дали шесте амрикански знамиња ја преживеале атмосферата на месечината кога го лансирале Лунар реконенс орбитер во 2009. Геологот Пол Спудис се сомневал дека знамињата можат да ги издржат наглите промени во температурата, како и интензивното UV зрачење од нефилтрираните сончеви зрази. Спудис верувал дека боите на ткаенината избледнале од суровите временски услови. Но сликите направени за време на мисијата покажале дека боите на знамињата се недопрени.

Што се случува понатаму

ms04

Бидејќи на месечината нема ветер, дожд или гравитација, отпадот кој се наоѓа таму ќе остане до крајот на вечноста. Или барем додека не им се допадне на некои вонземјани.

Археолошки потенцијал

ms05

Некои астронаути како Џери Линенгер го ценат овој смет како археолошки потенцијал. Некои од предметите имаат историска вредност, вклучувајќи го и малиот силиконски диск со пораки од 73 светски водачи, маслиновата гранка изработена од лиено злато оставена од екипажот на Аполо 11, медал кој им припаѓал на советските космонаути Владимир Комаров и Јуриј Гагарин, како и пердувот употребен во познатиот експеримент со чекан и пердув за време на мисијата Аполо 15.

Дел од „отпадот“ има и своја конкретна цел

ms06

Не сѐ што се наоѓа на месечината може да се смета како отпад. На пример, астронаутите нарочно оставиле огромни рефлективни панели со цел да се определи оддалеченоста и дијаметарот на сателитот. Оставиле и сеизмички сензори со помош на кои се определува густината на масечината кога сондите удираат во неа и создаваат вибрации.

Пепелта на Јуџин Шумејкер

ms07

На месечината е оставена и урна со спалените посмртни останки на геологот Јуџин Шумејкер. Колегите на Шумејкер го оствариле сонот на Шумејкер да патува до месечината така што ја испратиле неговата пепел спакувана во вакуумски запечатена поликарбонатска урна, на која стои месингана плочка со врежан стих од „Ромео и Јулија“ од Шекспир.

Зошто не се чисти?

ms08

Месечината не се чисти од проста причина што би чинело многу да се пренесе сиот тој тежок отпад од месечината до нашата планета. Отпадот е цената за вселенската истражувачка програма. А плус тоа, на Земјата и така веќе има доволно ѓубре.

Отпадот во вселената

ms09

Отпадот на месечината претставува само дел од 21.000 парчиња отпадни материјали кои кружат околу Земјата. Напуштените сателити, ракетни делови и делови од распаднати вселенски летала кружат околу нашата планета. Човекот каде и да оди, остава траг за своето постоење.

Сподели на Facebook
пати видено