44-годишната Мери е терапевт од Чорлтон, Англија и таа има сопруг, вереник кој живее со нив и двајца дечковци. Мери одлучила да ја раскаже нејзината приказна за да им објасни на луѓето дека е „нормално“ да се биде во полиаморна врска.

Полиаморија е кога една личност е во врска со повеќе личности, но е поразлично од полигамија каде што една личност е во брак со повеќе личности. Полигамијата е забранета во Англија.

Џон, Мери и Тим

Мери која станала заинтеренсираа за полиаморија кога имала 29 години има сопруг, Тим (43 години), свршеник, Џон, (53 години) и две момчиња – Мајкл, (63 години) и Џејмс, (73години). Таа живее со Тим и Џон и другите двајца мажи живеат во близина.

Поранешната учителка раскажува како таа израснала во многу традиционален дом и не ни сонувала дека еден ден ќе ја заинтеренсира полиаморија. Таа кога се омажила за својот прв сопруг решила целиот живот да му го посвети нему, но кога се запознале со пар кој бил полиаморен и двајцата решиле да имаат отворена врска.

„Веднаш се вклопив. Имав пријател со кој бев многу блиска и тоа пријателство се разви во нешто повеќе. И мојот партнер имал слична ситуација со негова пријателка. Тоа беше откровение за мене. Јас брзо сфатив дека сум била „врзана“ на овој начин веројатно целиот мој живот, сакањето на повеќе од една личност ми изгледа како најприродната работа во светот за мене и не можам да замислам каков било друг начин.“, вели Мери.

Таа исто така тврди дека не секогаш сексот е движечката сила која ја тера да пронајде нов партнер. Сега има нов сопруг, Тим, но вели дека уште е во пријателски односи со првиот сопруг. Мери се венчала со тим во 2013 година, а е заедно со нејзиниот вереник Џон од 2011 година. Тие живеат заедно во една куќа и според Мери двајцата мажи се „како браќа“.

Џон исто така има свој стан каде што Мери останува сама со него два или три пати неделно. Мери има 63-годишен „дечко“ Мајкл со кој е во врска од 2016 година. Таа вели дека со сите мажи има заеднички интереси и често се собират сите заедно за да прослават важни датуми, како што е нејзиниот роденден.

Мери вели дека понекогаш е осудувана од општеството, но дека тоа не и претставува пречка да го следи, како што вели таа „природниот пат“. 44-годишната жена смета дека не секогаш сите можеме да функционираме само со една личност и дека е многу „пологично“ дека партнерот нема да „ве изневери“ доколку знае дека тоа не е забрането.

Што се однесува до сексуланите односи Мери тврди дека таа нема врски за една ноќ и дека чека барем еден месец пред да стапи во сексуална врска.

Сподели на Facebook
пати видено