Гостинот се задавил од парче храна и неговата ситуација се влошуваше од секунда во секунда. Кога менаџерот на ресторанот го виде, веднаш знаеше што треба да прави и го примени маневрот на Хајмлих за да го спаси гостинот.
За оние кои не знаат, маневарот на Хајмлих е најдобриот прихоспитален метод за расчистување на горниот дишните патишта од туѓо тело. Овој маневар за прв пат го опишал лекарот Хенри Хајмлих во 1974 година, а се состои од стегање на горниот дел од стомакот со што се предизвикува вештачка кашлица, којашто треба да го истурка предметот од душникот на жртвата.