Интернетските жители се запрепастени од впечатливата темна кожа на Куџа Диоп. Манекенката од Сенегал која порано ја нарекувале „црнка“ и „ќерка на ноќта“ добива премногу позитивни коментари поради нејзиниот прекрасн изглед, особено на Инстаграм, каде што редовно споделува свои слики.
Куџа признава дека не секогаш била толку полна со самодоверба – како помлада ја малтретирале, нарекувајќи ја со севозможни погрдни зборови токму поради нејзиниот тен, но таа ја прифатила својата уникатност и решила веќе да не обрнува внимание на негативноста. Нејзината самодоверба и позитивниот став ги инспирира младите црни девојки од ширум светот да се чувствуваат свои во својата кожа. Вештачкото белеење на кожата е голем проблем во Африка и Азија, каде што милиони жени употребуваат креми за побелување за да се вклопат во светот во кој сѐ уште доминираат западните стандарди за убавина.