Мел Гибсон го поврзуваат со предлог- проектот 1 милион долари за изградба на 20-метарски крст на планина во централна Австралија. Крстот ќе биде осветлен со LED светилки и ќе биде „навестување на второто Христово пришествие“.
Шеесетгодишниот холивудски актер и посветен христијан неодамна се искачил на ридот познат како „Планина на сеќавањата“ со меѓународно познатиот фотограф и христијанин Кен Данкан. Данкан ги придружувал Гибсон и неговата девојка на тридневна турнеја низ областа западно од Алис Спрингс во Северната Територија. Данкан одрекува дека ѕвездата од „Лудиот Макс“ има некаква врска со проектот, но потврдува дека некои подароци за проектот се потпишани од страна на Гибсон.
Тие коишто подаруваат повеќе од 100.000 долари ги нарекуваат „Платинести заповедници“ и добиваат шлем или меч од филмот „Христовото страдање“ изложени во витрина од плексиглас, потпишани од Мел Гибсон. „Голден Џенералс“ донираше повеќе од 50.000 долари и се наградени со една архивска копија од сценариото на филмот, со автограм на Гибсон.
Данкан наводно изјавил дека предметите се негови, и ги добил откако работел со Гибсон на религискиот еп од 2004 година. Фотографот до сега собрал речиси 340.000 долари од потребните 920.000 за да ја заврши градбата. Според неговата веб страница, анонимен австралиски донатор подарил над 100.000 долари. Првичниот план бил проширен и сега вклучува дигитален медиа центар, место за кампување и кафе бар. Се проценува дека местото ќе биде посетувано од 300.000 туристи годишно. На веб страницата се тврди дека идејата се родила откако тројца домородни христијани во исто време добиле визија со христијански крст на Планината на сеќавањето. Данкан пишува дека тоа не е негов личен проект, туку „визија на старешините на различни заедници во централна Австралија. Господ му кажал дека тој треба да собере пари за да се крене крстот со „оган на Светиот Дух кој започнува од центарот и се шири врз целата нација.“
„Ова ќе биде последното случување пред Господовото доаѓање“, тврди Данкан.
Но, наводно повеќето домородци во декември гласале против изградбата на крстот. Австралиецот тврди дека ја добил поддршката на локалните жители со основање на корпорација во чијшто одбор има членови од сите семејства и оттогаш некои водачи на Абориџините го поддржуваат неговиот план. Но, овие тврдења на Данкан се демантирани од страна на Советот на Абориџините во Централната Земја. Планината на сеќавањата е висока 190 метри и се извишува над клучка кон Папиниа и Хаастс Блаф, 230 километри од Алис Спрингс. Планираниот крст ќе биде изработен од челик отпорен на временските услови. За овој план, според Данкан, бил известен и тогашниот премиер Тони Абот.