Криумчарите на дрога на мексиканско-американската граница се обидуваат на сите начини да ги заобиколат поставените препреки. Користат тунели, а како што се испоставило пред некој ден, ни катапултите не се лоши. Овие направи коишто римските легии ги вовеле во постојана воена уптореба уште пред неколку илјади години ниту денес не ја изгубиле својата функционалност. Вистина, веќе не служат за рушење на утврдувањата и ѕидовите, туку само за нивно заобиколување.

^E79885E7874523DD964C95B3FC0F11B870CE9553D994C240F1^pimgpsh_fullsize_distr

Во текот на вообичаената патрола, американските граничари забележале неколку луѓе како бегаат од граничната ограда во близина на Даглас во Аризона. Кога пристапиле до местото, имале што да видат – катапулт качен на ѕидот и два големи пакета марихуана. Можете да си замислите за што служел катапултот.

Агентите ги контактирале своите мексикански колеги, а потоа го спуштиле катапултот од оградата, за кој по инспекцијата било увидено дека е внимателно и детално направен од заварени цевки и со силна пружина и јаже. Мексиканските службеници го конфискувале катапултот, а американските службеници задржале околу 25 килограми марихуана распоредени во два пакети. Ова инаку не е првиот катапулт кој служел за префлрување на дрогата преку спомнатата граница. Нешто поголема таква направа била најдена во 2011 година на истиот дел од оградата. Американската национална гарда дури и го тестирала за да види дали е функционален.

Сподели на Facebook
пати видено