Мексиканците кои ја славеа својата шокантна победа над Германија предизвика буквален земјотрес во главниот град на Јужна Америка. Времето на вештачкиот земјотрес совршено се синхронизира со моментот на постигнувањето на единствениот гол од страна на Ирвинг Лозано, според СИМСА – телото кое ја следи сеизмичката активност во земјата.
Од таму тврдат дека евидентирале потрес со максимално забрзување од 37см / с2, велејќи дека земјотресот можел да биде предизвикан од „масовните скокања“ низ градот. Најмалку два сензори го откриле земјотресот во 11:32 по локално време.
Од Sismologia Chile кои ги евидентираат земјотресите од јужноамериканската земја, соопштле дека исто така, откриле земјотрес кој се слуќил во исто време кога бил даден голот. Еден корисник на социјални медиуми коментирал: „Фановите предизвикуваат вештачки земјотреси во Мексико Сити. Можеби немаат најдобри играчи, но затоа имаат најдобри навивачи.“
За среќа, нема урнати згради во Мексико Сити, бидејќи сеизмичката активност била премала. Сепак, сите се прашуваат што ќе се случи ако стигнат до финалето?