Група на медицински сестри од Саудиска Арабија е отпуштена откако гмечеле лице на новороденче кое било во болницата поради инфекција и се смееле додека го снимале целиот инцидент. На видеото се гледа како една од медицинските сестри го фаќа бебето за вратот и челото и сурово го гмечи, додека нејзините колешки се кикотат.
Родителите на бебето станале свесни за постапката на медицинските сестри откако видеото се појавило на интернет. Трите медицински сестри веднаш биле идентификувани и пронајдени. Иако нивните имиња не се откриваат пред јавноста од болницата известиле дека тие веднаш биле суспендирани.
Сега нивните медицински лиценци се отповикани и им е забрането да вршат медицински услуги во други здравствени оддели. Таткото на бебето им кажал на саудиските медиуми дека бебето е во болница десет дена за лекување инфекција на уринарниот тракт и бил шокиран кога видел дека видеото е широко споделувано на социјалните медиуми.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!