Повеќе од 100 мажи месечно закажуваат термин во клиника во Тајланд, која нуди процедура за белење на пенисот. Болницата Lelux во Бангкок почна да го нуди овој неконвенционален третман пред шест месеци, а сега има по три до четири клиенти дневно.
Оваа постапка со ласерски третман ја остави јавноста збунета и вознемирена, но од клиниката велат дека имаат повеќе пациенти од било кога. „Овие денови многу луѓе се распрашуваат за тоа. Добиваме околу 100 клиенти месечно, три до четири клиенти дневно“ , изјави за АФП Бантхита Ватанасири, менаџер на одделот за кожа и ласер во болницата Lelux.
Процедурата доби широка популарност на тајландските телевизиски и социјални медиуми во четвртокот, откако болницата објави слики од човек што поминува низ третман. „Треба да бидеме внимателни, бидејќи тоа е чувствителен дел од телото“, вели Бантхита , додавајќи дека повеќето клиенти се на возраст меѓу 22 и 55 години, од кои многумина од тајландската ЛГБТ заедница. Услугата за белење чини околу 540 evra за пет сесии.
Третманите за избелување се особено барани во Тајланд, каде што рекламите за избелување на кожата предизвикаа бес и обвинувања за расизам.