Медицинска сестра од Литванија е кривично гонета затоа што собрала три кеси печурки од шумата, и покрај тоа што тврдела дека собирањето печурки е традиција во нејзината родна земја. 38-годишната Соната Слиузаите од Ромфорд, источен Лондон, била фатена како собира печурки во Епинг Форест во септември минатата година, но тврди дека не знаела дека прави прекршок. Законот во Британија забранува земање на било што од шумата без одобрување на властите, освен паднати дрвја. Во изминатите пет години околу осумдесет луѓе добиле опомени, а две лица биле кривичноо гонети од страна на Кралските паркови а Лондон.
Слиузате изјавила дека собирањето печурки е дозволено во нејзината родна земја и дека е вообичаено децата да собираат заедно со нивните родители. Кога бил пребаран нејзиниот ранец, во него биле најдени три кеси со габи, и иако тврдела дека планира да ги зготви дома, а не да ги продава, добила пријава.
Со растечката побарувачка за природна храна, врвните ресторанти плаќаат до 50 фунти за килограм диви печурки, а во Епинг Форест растат до 1600 различни видови. Слиузаите го пизнала делото и бла казнета со казна од 80 фунти, како и да ги подмири судските трошоци во износ од 284 фунти. Според лондонските власти, главната цел на ригорозните закони е да се зачуваат природните богатства со кои изобилува Епинг Форест.