Ја знаете онаа ситуација кога некој „ќе го испушти гулабот“ и ако се пожалите на смрдеата ќе ви возврати со: „Што, твоето на рози да не мириса?!“ Епа сега на оваа прашање ќе можете да одговорите со „ДА!“

Сепак вистина е дека звукот од прдежите во останова е прифатен како универзално смешен, солзите не доаѓаат само од смеата туку и од миризбата. За да се справи со овој проблем француски изумител наречен Кристијан Поинчевал измислил пилула за која тврди дека ќе ги направи гасовите да мирисаат на „убави работи“.

„100% природните“ таблети се продаваат од компанијата Лутин Малин, чија веб-страница вели дека потеклото на првите пилули за прдежи почнале да постојат кога Поинчевал си рекол: „Би било посоодветно да се биде во можност да се прдне без да се вознемират соседите на масата!“

 

„Почетните испитувања со користење на нане или естроген не ги дадоа посакуваните резултати, па Поинчевал се свртел кон природните додатоци во исхраната. Многу состојки беа тестирани и на крајот тоа беше специјален микс кој даваше различни придобивки кои пак го дадоа саканиот ефект. Заедно со природна компонента на аромата, беа лансирани пилули за прдежи со мирис на роза и јоргован.“, велат од компанијата.

Се разбира само една пилула нема да направи прдежот да ви мириса на рози. Од компанијата додаваат: „Така што ќе ги консумирате секојдневно без прекин пилулата постепено ќе го ароматизира дигестивниот тракт, со што ќе се ослободи смрдеата, па дури и ќе ѝ се даде цветен мирис. Точната доза зависи од состојбата на поединецот, навиките во исхраната и посакуваниот ефект. Се препорачува да земате 2 до 6 таблети на ден, што се земаат по јадење со чаша вода.“

Исто така компанијата развива и чоколаден мирис и во иднина планираат да пуштат во продажба уште еден сличен производ, но сѐ уште не ја откриваат тајната зад него. Доколку сакате ваква пилула може да се купи тука.

Сподели на Facebook
пати видено