Помислете си на чувството да излезете надвор на топол пролетен ден откако цела зима сте треселе заби. Сега помножете го тоа по сто и ќе знаете како се чувствувала Кала, ова прекрасно мало малајско мече.
Мајката на Кала била убиена од страна на ловокрадци и како младенче била продадена. За среќа, човекот кој ја купил, сфатил дека треба да ја предаде во Центарот за згрижување на малајски мечки во Борнео.
По тешкиот почеток во животот…
Кала навистина ги обожува прошетките во природа на кои ја носат нејзините негуватели.
Многу сака да ги грицка гранчињата…
…да ги мириса…
…лиже…
…жестоко да ги напаѓа…
…а потоа нежно да ги бакнува.
Персоналот во центарот вели дека таа многу сака да си игра и е полна со енергија, како и секое нормално малајско мече.
Многу сака да истражува…
Мечето е многу енергично и тешко се контролира…
…нескротливо во својата среќа и уживање во мајката природа.
Ви го топли срцето кога ќе видите како едно мало изгладнето мече, одвоено од својата средина и своите родители…
…се претвора во најсреќното меченце на светот.
Иако сепак уште мора да учи како да се качува по дрвја.