Патници во авион се преплашиле кога еден човек силно почнал да вика „Алаху екбер“ додека патувале. Снимка направена со мобилен телефон прикажува човек облечен во традиционална муслиманска облека извикувајќи ја познатата арапска фраза – но, тој само се молел! Патници на Американ Ерлајнс вџашено гледале додека муслиманинот стоејќи до излезната врата почнал да вика на арапски.

ms

Видеото е постирано од корисник на сајтот Редит, со наслов: „Заспав во авион. Ме разбуди овој тип кој ми викаше до глава.“

Понатаму објаснува: „Да бидеме на јасно, порано сум видел многу луѓе како се молат во авион, но никогаш не сум видел вакво нешто.“ Други корисници коментираат: „Застрашувачко? Не, ова е вознемирување, ете тоа е. Имај малку почит кон тие кои патуваат со тебе.“

Друг им замерува на стјуардесите: „Навистина сум збунет што персоналот не стори ништо во врска со ова“, пишува еден. „Остави го човекот да заврши првиот пат, а потоа учтиво и смирено потсети го дека не е прифатливо да се вика во авион.“

За време на долгите патувања, муслиманските молитви се честа појава, бидејќи муслиманите се молат пет пати дневно во определено време.

Сподели на Facebook
пати видено